сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Американска психотерапевтка советува: Корисно е да разговараме на глас со себеси и да го запишуваме тоа што го мислиме

Американска психотерапевтка советува: Корисно е да разговараме на глас со себеси и да го запишуваме тоа што го мислиме

Луѓето кои зборуваат сами со себе често се гледаат со презир, но психијатрите велат дека тоа не е во ред и дека секој треба да стапи во контакт со своето внатрешно јас, односно дека сите всушност го правиме тоа, свесно или несвесно. Секој пат кога си велиме: „Ќе доцнам“ или „Овој фустан навистина ми стои“, си зборуваме сами со себе. За некои тоа е само минлива мисла, додека други ќе ја кажат гласно.

– Со гласно искажување одредени мисли, подобро го разбираме сегашниот момент и иднината, а тоа треба да го прави секој – тврди американската психотерапевтка и авторка на неколку книги од областа на психологијата, Лиза Ференц.

Таа ги советува сите да ги запишат позитивните мисли, она што го сметаат за нивна предност, а потоа да застанат пред огледало и да го кажат тоа гласно.

Не треба да се откажувате дури и ако ви изгледа глупаво. Исто така, истражувањата покажаа дека учениците кои кажале позитивни работи успеале да ја променат својата перспектива, ставови и реакции.