понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Автофагија: Главниот механизам за борбата против вишокот килограми, но и стареењето

Автофагија: Главниот механизам за борбата против вишокот килограми, но и стареењето

Сигурно досега сте слушнале за автофагија. Обично, луѓето кои се на режим на повремено гладување велат дека всушност се на автофагија. Што е автофагија и колку е таа важна?

Пред се, треба да се каже дека автофагијата не е ново откритие и дека е позната одамна. Второ, самиот процес на автофагија е научно утврден факт и денес знаеме многу за оваа појава. Уште во педесеттите години на минатиот век, во внатрешноста на клетките е забележана клеточна органела (посебен дел од клетката), која содржела ензими кои ги разградуваат јаглехидратите, мастите и протеините во нивните составни елементи. Белгискиот хемичар Кристијан де Дуве ја доби Нобеловата награда за откривање на овие органели, наречени лизозоми, во 1974 година.

Зборот автофагија доаѓа од грчките зборови „авто“ што значи „јас“ или „себе“ и „фагеин“ што значи „јадење“. Буквалниот превод би бил „се јаде себе“.

Автофагијата е механизмот со кој нашите клетки се „поправаат“. Имено, во клетките постојано се создаваат различни протеини, кои имаат бројни функции во нашето тело. Тие понекогаш содржат одредени грешки и како резултат на тоа се нефункционални.

Што можеме да направиме за да го активираме овој процес? Најлесен начин е да се намали внесот на храна и на тој начин да се активира процесот на автофагија. Ова во никој случај не значи дека треба да гладуваме.