сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Беа родени како сијамски близначки и преживеаја тешка операција: Погледнете како изгледаат денес (ФОТО+ВИДЕО)

Престижната „Мајо“ клиника се согласила да ги раздвои девојчињата, во операција во која учествувале 17 хирурзи и која траела 12 часа.
Беа родени како сијамски близначки и преживеаја тешка операција: Погледнете како изгледаат денес (ФОТО+ВИДЕО)

Приказната за Исабел и Аби го обиколи светот.

Двете идентични близначки биле споени од градите до стомакот. Срцето на Исабела било длабоко во градниот кош на Аби, додека останатите органи биле испреплетени.

Родителите се соочиле со многу тешка одлука пред себе: Дали да се обидат да ги раздвојат своите девојчиња?

Тие поминале 6 месеци во болница по раѓањето. Престижната „Мајо“ клиника се согласила да ги раздвои девојчињата, во операција во која учествувале 17 хирурзи и која траела 12 часа.

Две недели подоцна, девојчињата биле подготвени за да си одат дома, раздвоени. Тоа било пред 10 години.

Тие не се сеќаваат дека биле споени, меѓутоа нивниот однос зборува поинаку – овие сестри се неразделни во секој поглед.

-Во трговски центар, сакаме да се држиме за раце. Чудно е, велат Изабела и Аби.

Она што најмногу изненадува не е тоа што успеале да преживеат, туку желни се за напредок. Двете се здрави, атлетски градени и се најдобри во своето училиште.