Дали времето е умерено сончево или умерено облачно? Оптимистите е поверојатно да се одлучат за сонце, додека песимистите ќе ги гледаат облаците.
Иако можеме да претпоставиме дека нашите лични перспективи не се толку важни за крајниот план и големата слика на животот, сепак е забележано дека оптимистите имаат неколку значајни предности во споредба со циничните луѓе.
1. Дали чашата е полупразна или полуполна?
За почеток, оптимистите се одлични личности за дружење, особено за време на оброците. Тие се свесни за својот изглед и го прифатиле тоа, па нема да ве осудуваат ако се чувствувате најадени прерано или ако се одлучите да изедете уште една порција. Тие исто така се поактивни од песимистите, па ќе ве поттикнат да се ослободите од мрзата.
Поради тоа што имаат поздрав начин на живеење, многу е веројатно да влијаат и врз вашата диета и изборот на прехранбените производи. Според последните студии се покажало дека луѓето кои имаат генерално позитивен поглед кон надворешните влијанија и ги практикуваат претходните животни навики, имаат помал ризик да заболат од срцеви и кардиоваскуларни болести.
2. Помалку грижи, помалку стрес, повеќе забава
Оптимистите имаат помалку грижи од песимистите и очекуваат добри резултати од секој потег кој го направиле. Тоа е правилниот начин на размислување, бидејќи ваквата рамка на мозокот ги зголемува шансите за добрите работи навистина да се случат. Тоа е исто со оние моменти кога ќе купите некој нов технолошки производ и учите многу нови работи како што започнувате да го користите сѐ почесто и почесто. Ако патем ги бараме позитивните знаци, тогаш сигурно ќе успееме да ги најдеме.
Она што го регистрираме во нашите умови, тоа го гледаме и со очите. Ако го поминуваме времето грижејќи се за сите работи кои можат да имаат негативен изглед или се обидуваме да спречиме да се повтори некоја грешка од минатото, ние всушност создаваме една реалност во која ќе се случи токму тоа. Визуализирањето дека сме победиле на трката или сме дале одлична презентација ја зголемува веројатноста за успех. Вежбањето на победата е многу подобра стратегија отколку плашењето од поразот.
3. Фокусирање на позитивното, а не на негативното
Ако се тренирате да го гледате доброто во луѓето, тогаш е многу полесно да го пронајдете. Фокусирањето на тоа како да ги направите работите подобри наместо на тоа колку може една ситуација да се влоши е однесување кое е вредно и препорачливо да прерасне во навика. Не само што ќе го промените начинот на кој ја гледате временската прогноза, туку и ќе го промените начинот на кој го живеете својот живот.