петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

БРОНЗЕН ТЕН БЕЗ ПРЕТЕРАНО СОНЧАЊЕ? Нутриционист открива кои 4 НАМИРНИЦИ ќе ви помогнат во тоа!

БРОНЗЕН ТЕН БЕЗ ПРЕТЕРАНО СОНЧАЊЕ? Нутриционист открива кои 4 НАМИРНИЦИ ќе ви помогнат во тоа!

Доколку не сакате премногу да се изложувате на сонце, но сепак сакате бронзен тен, нутриционистката Јована Вучелиќ истакнува дека тоа можете да го постигнете со моркови, јајца, домати и кајсии.

Многу луѓе сакаат да имаат бронзен тен во лето, но ако не сте љубител на долгото изложување на сонце, кое всушност може да биде штетно за вашата кожа, можеби ќе сакате да пробате поздрава алтернатива.

– Неколку недели пред секоја летна сезона се трудам на сосема природен начин да ги подготвам кожата и телото за потемнувањето. Затоа што за здрава и зачувана кожа е важна и надворешната и внатрешната нега – вели нутриционистката Јована Вучелиќ и додава:

– Бета каротенот е најдобриот сојузник на кожата за време на летните горештини. Бета каротенот е антиоксиданс кој во организмот се претвора во витамин А. Важен е за одржување на здрава кожа и во борбата против слободните радикали кои се создаваат со изложување на УВ зрачење – истакнува таа и продолжува:

– Бета каротенот е одличен сојузник за заштита од оксидативен стрес, кој може да предизвика брчки и предвремено стареење на кожата. Доколку сакате да се ослободите од тоа непријатно црвенило и чувство на печење кое се јавува по сончањето, време е да ја зголемите дозата на бета каротен – вели Јована и открива кои намирници ќе ви помогнат во тоа:

МОРКОВИ

Полн со бета каротен, кој природно го забрзува потемнувањето на кожата. Може да се консумира свеж или во форма на сок.

ЈАЈЦА

Богати се со калциум, селен, како и со витамини А, Б и Д. Овие нутриенти помагаат да се задржи бета каротенот подолг временски период, а со тоа и подолг летен тен.

ДОМАТ

Содржи минерали, витамини Б и ликопен. Освен што го забрзуваат процесот на потемнување на кожата, доматите ги намалуваат и шансите за рак на кожата.

КАЈСИИ

Полни со течности, витамини и минерали. Поради големото количество на бета каротен, кајсијата го штити организмот од слободните радикали, а во исто време ја регенерира кожата и мукозните мембрани иритирани по сончањето.