Девојчето ја отворила кутијата со возбуда, извлекувајќи од неа изгужвана хартија, а потоа човекот покрај неа вика: „Сакам да го прочиташ ова”.
На дното на кутија имало рамка во која пишувало: „Ќе бидаш посвоена”. Кога го прочитала писмото, девојчето ја совладале емоции и плачела од среќа.
Видеото на нејзиниот Фејсбук беше споделено од нејзината нова мајка Пејџ Зезулка, а за помалку од една недела тоа било прегледано повеќе од шест и пол милиони пати.
-Ова ми е омилено видео кое некогаш сум го споделила. Денес, и’ кажавме на нашата ќерка дека ќе биде посвоена, заедно со нејзиниот брат и сестра. Долго време се молеше да биде посвоена, а на нејзиниот роденден дознавме дека тоа ќе се случи. Совршено, пишува Пејџ под видеото.