недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Цел ден, неколку часа или повеќе: Колку долго вашата мачка може да ја оставите сама дома?

Цел ден, неколку часа или повеќе: Колку долго вашата мачка може да ја оставите сама дома?

Кога станува збор за разликата помеѓу мачките и кучињата, факт е дека мачките се понезависни животни.

Има домашни мачки кои поголем дел од денот го поминуваат надвор, но на крајот секогаш се враќаат дома.

Домашните мачки кои долго време се оставаат сами дома склони се кон чувство на анксиозност. Добрата вест е дека просечна возрасна мачка може да ја оставите сама дома додека сте на работа или завршувате некои обврски, од 8-10 часа дневно. Меѓутоа, кога станува збор за подолги отсуства, експертите велат дека мачките не треба да се оставаат сами повеќе од 24 до најмногу 48 часа.

Кога станува збор за мачки стари 4 месеци, не треба да ги оставате сами подолго од 4 часа. По шест месеци можете да ги оставите сами подолго време од денот.