После секој оброк треба да се чувствуваме енергично и полни со енергија.
Хранливите материи од храната се задолжени да ни обезбедат сила, но доколку се чувствувате уморни и поспани после оброк, причините за тоа треба да ги побарате „во чинијата“.
Недостигот или отсуството на витамини и минерали, како и висококалорични оброци полни со комбинација на масти и шеќери прават да се чувствуваме тромо и летаргично. Покрај тоа, лошиот избор на храна може да се манифестира преку дигестивни проблеми, промени на кожата и ослабен имунитет.
Замор
Дали сте често уморни после јадење или чувствувате потреба да спиете попладне? Ако одговорните се афирмативни, тоа може да укаже дека јадете погрешно. Прекумерните оброци или храна богата со јаглехидрати од бел леб, тестенини, пица и слатки доведуваат до нагли скок на шеќерот во крвта, но и до нагло опаѓање. Ова доведува до замор и слаба концентрација.
Лошо варење
Надуеност, запек или дијареа укажуваат на недостаток на влакна во исхраната. Минималната дневна количина на влакна е 30 грама. Ако не јадете свежо овошје и зеленчук, мешунки и цели зрна секој ден, време е да започнете.
Постојани настинки
Инфекциите и настинките кои се менуваат како на „фабричка лента“ се еден од знаците дека не јадете храна која е добра за имунолошкиот систем. Храната полна со таканаречени празни калории, односно богатата со шеќер и бело брашно, може да влијае на имунолошкиот систем, особено ако не јадете храна богата со цинк и селен. Наместо пекарски производи и чоколади, воведете грав, јаткасти плодови, риба и јогурт.
Проблеми со кожата
Сувата, ронлива кожа, акните и црвените траги може да бидат резултат на несоодветен избор на храна. Најчести виновници повторно се белото брашно и шеќерот, како и неговите алтернативи. Исто така, адитиви во храната или нетолеранција на млечни производи може да се манифестираат со флеки и иритации на кожата.