Седењето пред компјутер и повеќе часовното гледање телевизија предизвикува болки во грбот на кои се повеќе се жалат млади лица.
Денешната младина на возраст од 16 до 24 години, боледува од најразлични болки во кичмата, а многумина се жалат на симптоми кои до сега се јавувале само кај постарите лица.
Истражувачите тврдат дека робовите на технологијата го жртвуваат своето здравје за забава или убивање на досадата. Најновото истражување покажало дека еден од три испитаници има болки во грбот.
Најголема опасност им се заканува на оние кои не практикуваат никаква физичка активност.
Решението не е да се откажеме од модерниот начин на живот, туку да го прилагодиме дневниот распоред и да имаме време за се, за пред компјутер, но и за физичка активност.