Да бидеме искрени, сите одвреме-навреме носиме лоши одлуки. Тоа едноставно дел од животот. Некои луѓе носат лоши одлуки почесто од другите поради одредени навики. Не се грижете, можете да работите на нив и да ги поправите, но прво мора да разберете зошто тие навики ве саботираат за да можете да ги решите.
Неодлучни сте кога треба да донесете одлука
Малку луѓе знаат дека премногу размислување и неодлучност може да доведат до погрешни одлуки, но тоа е вистина. Ако не сакате да донесете одлука, ќе се вртите во круг и објективно нема да можете да донесете добра одлука втемелена на вашата интуиција и факти.
Нема смисла да преоѓате преку фактите за да избегнете носење одлуки. Земете ги предвид сите агли и донесете ја најдобрата можна одлука. Тогаш тргнете напред.
Премногу ги следите другите
Примамливо е да се сложувате со другите за се, нели? За жал тоа може да води до прилично лоши одлуки. Ако секогаш ги следите другите, нема да можете да формирате лични ставови и никогаш нема да можете да донесете правилни одлуки. Ги следите другите затоа што е полесно или затоа што навистина се сложувате со тие одлуки?
Не ги следите своите цели до крај
Ако имате навика непрестајно да се откажувате од вашите цели, тоа може да влијае на носење на некои одлуки. Ако се откажувате кога ќе наидете на препрека, тогаш можете да носите одлуки втемелени само на страв. Остварување на своите цели е важно за личниот раст и развој. Одлучете како ќе се соочите со каква било препрека и не се откажувајте.
Премногу се фокусирате на минатото
Важно е да научите нешто од претходните искуства од минатото. Ако се фокусирате само на минатото, можеби ќе ги повторувате истите грешки кога носите одлуки. Или ќе носите одлуки втемелени на погрешни претпоставки.
Важно е да барате нови решенија. Тоа ќе ви помогне да гледате напред наместо да бидете заглавени во минатото.
Не сте самокритични
Никој не сака самиот да се обвинува за сопствените проблеми. Попрво би сакале да го впериме прстот кон некој друг. За жал, така го саботираме носењето на добри одлуки. Важно е да прифатите дека сте одговорни за своите постапки. Така ќе носите и подобри одлуки затоа што ќе сакате да застанете зад нив.
Премногу размислувате во неизвесни ситуации
Претерано размислување и анализирање може да води кон несигурност и неизвесност. Нема да и верувате на интуицијата и веројатно ќе се чувствувате премногу збунето за да донесете добра одлука.
Понекогаш мешате избори и факти
Во теорија сите ја знаеме разликата помеѓу изборот и фактите, но повеќето луѓе понекогаш не ја гледаат таа разлика. Ако паднете во оваа замка, тоа може да ве одведе кон погрешни одлуки. Ако носите одлука, прво истражете ги сите факти. Уверете се дека знаете во што влегувате пред да продолжите.