Феминистките во Европа, обединети во силно женско лоби кое има исклучителна моќ во политичката и социјалната сфера, веројатно одат чекор предалеку!
Според последните вести и соопштението испратено до неколку европски медиуми, во пресрет на 8 Март, феминистичките движења се пофалија дека извојуваа уште една победа и дека зборот „менструација“ ќе се преименува во „фемструација“ поради асоцијацијата на „маж“ („мен“ на англиски) во самиот термин.
-Менструацијата е практично единствената видлива полова разлика помеѓу мажите и жените и таа не е предодредена од ништо друго, туку единствено од нашата биологија. Зошто тогаш во коренот и етимологијата на еден типичен женски термин кој никако не може да се искористи во машки контекст, да се содржи зборот ‘маж’? Тоа за европската, самосвесна жена е недозволиво, а ние ќе одиме ако треба и чекор понатаму и ќе помогнеме во масовна популаризација на новиот термин во сите европските земји, се вели во нивното соопштение.
На македонски, ова би требало да биде “женструација“???