Живеете во вашата љубовна оаза и ништо друго не е важно за вас, затоа што имате партнер покрај кој се чувстувате максимално исполнето. Бидете внимателни. За да може фазата на идиличен однос да трае што подолго, важно е да не се изгубите себеси. Тоа не значи дека не смеете да ги покажувате своите чувства и да уживате во секој заеднички момент. Но, задржете по некоја тајна и за себе, поминувајте време со пријателките и не се одрекнувајте од работите кои ги сакате само заради партнерот.
Правило 50 -30 -20
Венди Атербери, експерт за врски, го предложува правилото кои го нарекла 50-30-20. Овие бројки значат дека 50% од времето треба да се посвети на партнерот, 30% за пријателите и семејството и 20% за себе.
Тоа е формула која ќе ви обезбеди здрав и успешен однос, во кој сите ќе бидат задоволни.
Заборавете на СМС пораки
Првите знаци на несогласување не значат дека врската нема да успее, бидејќи расправите се составен дел од секој здрав однос. Сепак, СМС пораките се главен непријател на секој облик на комуникација. Венди Атербери вели: „Доколку во врската сте се нашле во ситуација во која треба да се расправате, направете го тоа преку телефон или во четири очи. Ако вам тоа ви претставува проблем, тоа значи дека сте во врска со погрешната личност или едноставно не сте подготвени за врска.“
Правете компромиси, но не се губете себеси
Компромисот е составен дел од секоја добра врска, но важно е да останете свои и да не попуштате често.
Венди вели дека доколку постојано се сложувате со се што кажува партнерот, создавате лоши темели за идни расправии.
Не ги споредувајте поранешните партнери со сегашните
Не зборувајте за поранешните врски се додека не сте сигурни во својата врска. Можеби ќе помислите дека вашиот сегашен партнер сака да чуе како е подобар од поранешниот, но тоа е лизгав терен, на кој баш вие може лесно да се лизнете и да паднете.
Објаснете му ги своите граници
Работите кои вам ви се неудобни, вашиот партнер може да ги протолкува како незаинтересираност, но тоа е многу лесно да се реши со искрен разговор. Атербери вели: „Отворено зборувајте за работите кои ги сакате или кои не ги сакате во кревет и дали ви смета јавно покажување на нежности.“
Не се преправајте дека вашата врска е нешто што не е
По кратко време поминато во вската, може да се случи вие и вашиот партнер да имате различни сфаќања за вашиот однос. Во ред е да се биде заљубен, но ако партнерот не покажува ист степен на заинтересираност, тешко дека ќе го убедите, а со посесивно однесување можете да го оттурнете од себе. Времето ќе покаже дали тој заслужува да биде покрај вас и дали сака да гради сериозна врска или едноставно тоа не му паѓа на памет.
Продолжете да бидете среќни и независни
Ова е прв предуслов за успешна врска – вие морате да бидете вие, среќни и задоволни. Ако се изгубите себе, ќе го изгубите и темелот за добра врска. Не се потпирајте на партнерот како единствен извор на вашата среќа, туку уживајте во оние мали работи кои ве прават среќни, а немаат врска со вашиот партнер.