Психопатите не можете да ги менувате или лекувате, ниту пак тие сакаат да се излечат. Тоа е како да и кажете на мачката да не брка глушец. Ќе рече: „Зошто да не го правам тоа? Јас сум мачка и сакам да ловам глувци’“, изјави комуникацискиот научник и писател Томас Ериксон, автор на романот „Окружен со психопати“, кој е базиран на моделот DISA.
Овој модел ги „препознава“ луѓето и однесувањето во четири бои – црвена, жолта, сина и зелена.
Овој експерт посочува дека психопатите никогаш не би се нарекле така, со тоа име, наместо тоа велат дека се лидери, ѕвезди…
Тој тврди дека медиумскиот свет е полн со психопати бидејќи таму се моќта и парите и верува дека овие поединци се склони да се издигнат во секоја организација и да ги искористуваат работниците до крај.
-Ова се луѓето од кои ќе слушнете: „За да бидеме поефикасни, мораме повеќе да ги туркаме луѓето“. Тоа е лош начин бидејќи луѓето не се потрошен материјал. На глобално ниво, треба да работиме за да ги разбереме потребите на луѓето и како тие работат. Треба да разбереме дека луѓето треба да се третираат со почит, дека нивните напори треба да се ценат. Важно е сите да бидат препознаени, потребни ни се пофалби, но и негативен фидбек. Сепак, психопатите не размислуваат за тоа, тоа им е сосема ирелевантно, за нив вие сте потрошен материјал што ќе го користат и ќе го фрлат, тврди Ериксон.
Психопатите на моќни позиции им кажуваат на луѓето како да се однесуваат со другите и го нагласуваат лошото однесување. Хитлер е одличен пример за психопат кој ги охрабрувал непсихопатите да прават навистина ужасни работи затоа што ги задушил во болно верување дека се подобри од другите. Луѓето опкружени со психопати се подложни на усвојување психопатски начини на однесување иако не се психопати, а тоа е опасно.