Дали забележавте ознака во форма на снегулки на вашиот фрижидер? Претпоставувате дека има врска со замрзнувањето на храна, но што навистина значи ?
Во случај да не сте знаеле, снегулките прикажани на замрзнувачот на ладилникот ја означуваат нејзината класа, односно можноста за ладење на храната до одредена температура.
Една снегулка значи дека замрзнувачот може да одржува температура од минус 6 степени, два – минус 12 степени, три – минус 18 степени.
Ознаката во форма на голема снегулка и три мали во форма на овална означува дека комората е способна да лади до минус 24 степени.
Ова значи дека замрзнувачот има режим на брзо замрзнување и има копче што можете да го притиснете за да го вклучите. Оваа одлика треба да се користи за брзо замрзнување, а не за чување храна на долг рок.
Која е оптималната температура за безбедно чување храна? Според експертите од лабораторијата за електрични уреди „Testbet“, најдобро е храната да се чува на минус 18 степени.