Луѓето со зелени очи се посебни по многу нешта, а тоа го потврдија и експертите. Тие веруваат дека луѓето со оваа боја на очите се многу ранливи, верни во пријателство и љубов, искрени и секогаш го исполнуваат ветувањето.
Тие се харизматични и изгледаат помлади. Зелената боја на очите се менува во зависност од расположението, времето, но и облеката што ја носат таквите луѓе.
Во една анкета, повеќе од 20 проценти од испитаниците изјавиле дека луѓето со зелени очи се најатрактивни, 16,9 проценти претпочитаат оние со светло сини очи, 16 проценти со кафеави очи, а 15,2 проценти гласале за темно сина боја.
Само два проценти од светската популација има зелени очи, од кои повеќе жени отколку мажи, а повеќето живеат во Европа. Овие луѓе можеби се најатрактивни и најубави, но носат и одреден ризик по здравјето.
Сините и зелените очи содржат помалку пигмент кој штити од ултравиолетова светлина, така што таквите луѓе имаат поголем ризик од развој на меланом.