Менструацијата и нејзините симптоми варираат од жена до жена, но според гинеколозите, постојат многу дами кои повторуваат едни исти грешки и со тоа воопшто не си ги олеснуваат „оние“ денови од месецот.
Што советуваат тие кога се во прашање нездравите навики кои некои жени ги имаат за време на месечниот циклус?
Предлого носење тампон
Секој тампон има одредена апсорбирачка моќ и ако остане предолго во организмот може да предизвика навистина редок, но многу ризичен синдром на токсичен шок. Поради тоа е потребно да се следи упатството што го има на секое пакување.
Не пиете доволно течности
За време на крварењето се случуваат и хормонални промени кои може да предизвикаат појава на акни, намалена потреба за течности, проблеми со варењето и промени во расположението. Токму поради ова е потребно исхраната во овој период да биде повнимателно избрана, доволно хранлива и секако, да се пие повеќе вода.
„Издржување“ болки
Болките се нормални, бидејќи матката создава контракции за да се „испразни“. Лековите против болка можат значајно да ги олеснат болките и грчевите. Гинеколозите препорачуваат да не се „издржуваат“ овие болки, туку да се олеснат.
Неследење на циклусот
Сосема одговорно е да го следите својот месечен циклус со помош на апликациите или на календар, за да можете да забележите дали има некакви промени. Исто така, водете дневник и на симптомите, за да забележите дали има одредена отстапка од вообичаеното.
Имате незаштитен секс
Бременост може да се случи и во денови кои се неплодни, па дури и за време на слабо крварење. Исто така, ризикот за сексуално преносливи зарази постои и кога крварите, а може да се каже и дека во тие денови е зголемен, поради состојбата на регенерација на ткивата. Поради тоа е важно редовно да се користи заштита, особено ако имате односи со непостојан партнер или пак, со повеќе од еден партнер.