петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денес е Свети Тихон, епископ Аматунтски

Денес е Свети Тихон, епископ Аматунтски

Денеска е Св. Тихон Чудотворец. Живееше во четвртиот и петтиот век. Се роди на островот Кипар, во градот Аматун.

Родителите му беа христијани и го воспитаа во Христовиот дух. Уште како млад, Тихон се истакна со својот добродетелен живот. Аматунскиот епископ Мемнон го забележа момчево и го ракоположи во чин ѓакон.

А по смртта на Мемнон, свети Тихон беше еднодушно избран за епископ на градот. Проповедаше меѓу јазичниците на Аматун и на многумина им ја откри светлината на Христовата вера.

Неговите напори Бог ги овенча со дарот на чудотворство.