недела, 17. март 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Преподобен маченик Дометијан

Денеска е Преподобен маченик Дометијан

Преподобен Дометијан се роди во времето на цар Константин Велики во Персија. Се роди во незнабожечко семејство, па како незнабожец и порасна. Во младоста се запозна со верата во Христа и се крсти. Наскоро се замонаши во еден манастир крај градот Низибија.

По некое време се повлече во пустина, за таму да го продолжи подвигот.

Толку се исчисти од гревот и страстите што Бог му даде дар да исцелува секакви маки и болести.

Пострада за време на повампиреното паганство, кога во Рим царуваше отстапникот од црквата Јулијан. Самиот Јулијан на¬реди жив да го заѕидаат овој светител заедно со двајца негови ученици во пештерата во која се подвизуваа.

Така пострада маченички свети Дометиј во 363 година.