вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Св. апостол Симон Зилот

Денеска е Св. апостол Симон Зилот

Свети апостол Симон потекнувал од галилејскиот град Кана. Свадбата што ја опишува свети Јован во своето Евангелие е токму свадбата на овој подоцнежен апостол.

Наречен е Зилот (што во превод значи ревнител), за¬тоа што бил голем приврзаник на Христос и неговата вера. Еден е од 12-те апостоли.

По слегувањето на Светиот Дух на празникот Педесетница тој проповедал за Христа во Египет, Етиопија, Либија, Мавританија и Британија, каде што пострадал маченички бил распнат на крст, во времето на римскиот император Трајан.