понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Св.маченик Василиск

Денеска е Св.маченик Василиск

Денеска е Св.маченик Василиск.

Овој Василиск му беше роднина на свети Теодор Тирон. Како христијанин беше затворен и ставен на маки заедно со уште двајца христијани, Евтропиј и Клеоник.

Двајцава беа распнати на крст, а Василиск повторно вратен во келијата.

Кога се смени упавникот на град Амасија, Василиск повторно беше изведен од затворот и обезглавен. Подоцна врз моштите на светителот во местото Комани беше подигната црква во која многу болни се исцелуваа.

А свети Василиск пострада во почетокот на четвртиот век.