среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Св. маченица Васа Солунска: Беше тајна Христијанка и така ги воспита своите синови

Денеска е Св. маченица Васа Солунска: Беше тајна Христијанка и така ги воспита своите синови

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 август.

Денеска е Св. маченица Васа Солунска.

Васа беше жена на некој идолски жрец, но истовремено и тајна христијанка. Таа и своите синови ги воспита во Христовиот дух.

Нејзиниот маж ја намрази поради тоа и ја предаде заедно со синовите на локалниот судија. Тука беа погубени нејзините синови, а самата Васа се овенча со маченички венец на некој остров во Мраморното море.

Света Васа и нејзините синови пострадаа за време на римскиот император Максимијан.