вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Св. пророк Јона – три дена престојувал во утробата на еден кит

Денеска е Св. пророк Јона – три дена престојувал во утробата на еден кит

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 септември.

Денеска е Св. пророк Јона.

Овој пророк живееше околу 800 години пред Христа и еден е од еврејските пророци. Посебно е важен зашто има една епизода од неговиот живот која е праслика на Христовото воскресение. Таа епизода Црквата постојано ја воспева во своите служби, особено во воскресните денови.

Се работи за Јониниот тридневен престој во утробата на еден кит и неговото избавување од утробата на китот, исто како што Христос три дена престојуваше во утробата на земјата и стана од мртвите, бидејќи земјата не можеше да го запре врутокот на божествениот живот.

За него може поопширно да се прочита во Книгата на пророк Јона, во Стариот завет.