петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Св. Тихон Чудотворец

Денеска е Св. Тихон Чудотворец

Живееше во четвртиот и петтиот век. Се роди на островот Кипар, во градот Аматун. Родителите му беа христијани и го воспитаа во Христовиот дух.

Уште како млад, Тихон се истакна со својот добродетелен живот. Аматунскиот епископ Мемнон го забележа момчево и го ракоположи во чин ѓакон.

А по смртта на Мемнон, свети Тихон беше еднодушно избран за епископ на градот. Проповедаше меѓу јазичниците на Аматун и на многумина им ја откри светлината на Христовата вера.

Неговите напори Бог ги овенча со дарот на чудотворство.