вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Светскиот ден на кучето

Денеска е Светскиот ден на кучето

Денеска, 26 август, се одбележува Светскиот ден на кучето, јавуват медиумите.

Како настанал Светскиот ден на кучето?

Светскиот ден на кучето е наменет за сите раси на кучиња, како и за подигање на свеста на луѓето за тоа колку кучиња секојдневно имаат потреба да бидат спасени и згрижени. Овие животни секојдневно го ставаат својот живот во опасност поради нас. Има кучиња кои се грижат за нашата безбедност помагајќи во пронаоѓање дрога, експлозиви и сл., кучиња кои помагаат при несреќи и големи катастрофи, слепи кучиња, како и кучиња на кои им е потреба посебна грижа. Сите овие кучиња заслужуваат посебно место во нашите срца.

Светскиот ден на кучето се одбележува благодарение на Colleen Paige, експерт за домашни миленичиња. Таа всушност го одбрала овој датум бидејќи тогаш го добила своето прво куче, а потоа истиот овој датум е прифатен во целиот свет.

Како да го одбележите?

Постојат многу начини на кои можете да го одбележите светскиот ден на кучето. Доколку подолго време размислувате да земете куче, денеска е вистинскиот ден за тоа. Сепак, не купувајте куче, туку вдомете од стационер. Така ќе му обезбедите на кучето подобри услови за живот, а во исто време ќе се ослободи место во стационерот за некое друго куче на кое тоа му е потребно, а вие ќе спасите два животи. Зачленете се во некоја организација која се грижи и им помага на кучињата кои имаат потреба од тоа. Поминете квалитетно време со вашето куче.