четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Упокоение на Св. Методиј Солунски

Денеска е Упокоение на Св. Методиј Солунски

На 19 април 885 година во Моравија умрел Методиј Солунски, постар брат на Константин Филозоф – Кирил, двајцата македонски и сесловенски учители и просветители.

Светителските празници редовно се определуваат според денот на упокојувањето на светителот. Зашто тоа е денот на нивната лична пасха, нивниот личен премин од смрт во живот, зашто тие, исто како и Христос, во себе го носеа најизобилниот живот, пред кого смртта останува немоќна.

Денешниот празник е празникот на личната пасха на едниот од двајцата словенски просветители, празник на личната пасха на свети Методиј Солунски.

Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на словенски јазик најпотребните богослужбени книги, издигнувајќи еден македонски говор на прв словенски книжевен јазик и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски просветители, Кирил и Методиј станале најзаслужни за словенската просвета, богослужба и култура.

Методија е роден околу 825 година. Инаку, тој се слави заедно со својот брат Кирил на нивниот заеднички празник на 24 мај.