сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска ни пристигнува полната месечина во розова боја – жените особено е важно да направат една работа

Денеска ни пристигнува полната месечина во розова боја – жените особено е важно да направат една работа

Првата полна месечина ова лето се нарекува розова месечина и овој пат ќе биде видлива со голо око.

Влијанието на полната месечина започна на 12 јуни. Многумина ќе ги обземе наплив на енергија, желба да се направи нешто, да се побрза некаде и да се комуницира. Меѓу другото, на полна месечина, нашите батерии се полни до максимум.

Посебно влијание ќе почувствуваат креативните луѓе и оние што долго ги криеле своите таленти. Па така, ќе ви биде примамливо да излезете и да направите нешто несекојдневно.

Време е да дејствувате!

Сега е најповолниот период за необични можности и подвизи.

Најважно е добро да се подготвите: направете план, анализирајте, запомнете го чувството на воздигнување и желба за создавање, а потоа постепено реализирајте. Чекор по чекор, а не избезумено.

14 јуни е ден за неверојатни можности, неверојатни познанства што носат успех и размена на разни идеи.

За жените особено важно е овој период и до крајот на месецот да бидат женствени и свои. Без машка енергија, агресија, подигнување тешки предмети и правење работи на сила.

За мажите важно е да се контролираат за да не се претворат во кавгаџии.

За да бидете во хармонија и да не дозволите непотребен стрес, направете јасен избор (ова ќе ви помогне да не расипете сé), предвидете ја иднината (односно, замислете си како вашиот живот треба да изгледа) и анализирајте ги чекорите (не успева сé од првпат, понекогаш треба само да одберете поинаков клуч, користејќи поинакво решение и пристап).

Бидете креативни, пробајте нешто ново, покажете му се на светот. Расцутете! Сега е времето!

Наполнете се со позитивна енергија. Опростете си себеси за сето тоа што не ви успеало – ако не успеало, значи дека не ви било потребно. Ослободете се од товарот. Само прифатете го тоа што се случува, такво какво што е. Како да прифаќате подарок…

Добро е рано наутро на 14 јуни, откако ќе се разбудите, да си поставите некое важно прашање. Во текот на денот ќе добиете одговор од полната месечина. Одговорот ќе се покаже како идеалното решение за вас.

Фрлете ги непотребните работи и насобраното ѓубре. Исчистете го домот, исчистете ги душата и мозокот.

Во текот на овој период, важно е да воведете некои здрави навики во животот.

Спијте, вежбајте, внимавајте на исхраната – ако сакате успех, мора да почнете од себе!