На Британката Кејти Борн (25) ѝ е дијагностициран фатален рак на матката во трета фаза, како што таа тврди, поради пропуст на лекарите. Нејзиниот гинеколог одбил да ѝ направи ПАПА тест поради годините, иако почнала да чувствува силни болки во стомакот и симптомите кои ги „гуглала“ упатувале на фатална дијагноза.
На нејзиниот страв лекарите одмавнувале со главата и наместо темелни испитувања ѝ препишале лекарства за пореметување на цревата. Сепак, болките не поминувале, а дури два гинеколога одбиле да ѝ направат ПАПА тест. Дека нешто сериозно се случува со нејзиното здравје било повеќе од јасно откако се онесвестила на работното место и три дена поминала во болница, но и понатаму без никакви гинеколошки испитувања. Од болницата ја отпуштиле кога состојбата се стабилизирала. Дури по третиот обид успеала да добие ПАПА тест кој открил застрашувачка дијагноза – канцер на матка во трета фаза. Се шокирала кога ѝ рекле дека ѝ остануваат уште 18 месеци живот.
Веднаш почнала со хемотерапија и сега оваа млада девојка очајно се обидува да живее со полни гради. Не ја крие нејзината сексуална определба и планира венчавка со нејзината партнерка која е пет години постара од неа.
– Сакам да си ги исполнам сите желби, а времето ме гази. Ги одгледав сите сезони од серијата „Очајни домаќинки“ – им изјави Кејти на медиумите.
Британските лекари го истражуваат нејзиниот случај. Иако ПАПА тестот не се препорачува пред 25-годишна возраст, Кејти сака таа граница да се помести и со нејзиното искуство никогаш да не се соочат и други девојки.