Ако некој цвет престанал да цвета или наеднаш пресушил, според фенг шуи, тоа може да укаже на трошоци, негативни промени и загуби.
Но, ако ова цвеќе расцвета тоа е знак дека вашиот дом ќе биде исполнет со среќа. Станува збор за собното растение кливија, со месести и големи зелени листови и магичен цвет, обично портокалова боја.
Меѓутоа, за да процвета оваа заспана убавица, потребна и е соодветна грижа. Најмногу и се допаѓа северната страна од куќата и не треба да биде изложена на силна сончева светлина. Сака собна температура, а во зима не треба да се чува на температура пониска од 10 степени. Периодот кога треба да очекуваме да цвета е месец февруари.
Во зима се полева околу 20 дена, додека во лето и пролет треба почесто да се полева. Се храни со течно ѓубриво од март до септември, како и во февруари кога се формираат цветните пупки. Секоја пролет, младите кливии се пресадуваат во поголем сад.
Кливијата може да се размножува со делење на големи растенија, односно со одвојување на ластарите по цветањето, а може да се размножува и со семиња.
Билката е идеална опција за украсување на дневната соба или канцеларијата. Во овие простории, тие ќе имаат корисен ефект врз околината и ќе ја елиминираат негативноста. И ако ставите неколку парички во нејзината саксија, тоа може да привлече просперитет во куќата и да ја подобри семејната благосостојба.