четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Добри начини да се разладите ако дома немате клима

Добри начини да се разладите ако дома немате клима

Високите летни температури се повеќе се зголемуваат од ден на ден. Доколку немате клима уред или ви пречи, сигурни ви е потребна алтернатива за разладување.

Обидете се со стариот добар вентилатор, но на малку поинаков начин.

Пред да го вклучите, под него поставете голема чинија со што повеќе коцки лед или две-три флаши замрзната вода. Вклучете го и ќе го почувствувате ефектот на разладување, бидејќи поради ледот воздухот кој струи ќе биде многу поладен. Бидејќи вентилаторот се преместува лесно, од време на време преместувајте го од една точка на друга, за да се разлади просторот рамномерно.

Спас од топлината ќе ви пружат и собните билки, бидејќи тие внесуваат кислород во куќата и го прават воздухот свеж.

Не заборавајте станот да го проветрувате само во текот на ноќта и рано наутро, а сите електрични апарати да ги исклучите кога не ги користите, бидејќи тие дополнително грејат.