вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Доцна навечер не смеете да помислите на чоколада

Доцна навечер не смеете да помислите на чоколада

Шеќерот влијае на нарушувањето на сонот, избегнувајте чоколада пред спиење. Премногу шеќер може да доведе до вишок килограми, предизвикува пропаѓање на забите и го зголемува ризикот од дијабетис. Ама шеќерот влијае и на нарушувањето на сонот, тврдат стручњаците.

Студија од пред неколку години утвди дека луѓето кои консумираат многу шеќер спијат помалку и покажуваат поголем немир ноќе.

Според д-р Мајкл Брес, американски клинички психолог кој е специјалист за нарушувања при спиење, премногу шеќер придонесува за тоа преку ден да се јаде повеќе, бидејќи нивото на шеќер во крвта излегува од контрола.

Тоа неповолно влијае на сонот, а од друга страна нарушувањето на сонот за возврат ќе создаде уште поголем копнеж за сон и тоа е тој маѓепсан круг, пишува „Гардијан“.

-КОГА ЈАДЕТЕ ЧОКОЛАДО, НИВОТО НА ШЕЌЕР ВО КРВТА РАСТЕ И ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА ОСЛОБОДУВА ИНСУЛИН. ЈАДЕЊЕТО ШЕЌЕР ДОЦНА ВО НОЌТА СОЗДАВА СПРОТИВЕН ЕФЕКТ. НАМЕСТО ДА НЕ СМИРИ ПОВЕЌЕ И ДА НЕ ПОДГОТВИ ЗА СОН, НИ ДАВА ЕНЕРГИЈА И НЕ ПРАВИ ПОДГОТВЕНИ ЗА АКТИВНОСТИ, А ТОА НЕ Е ТОА ШТО ГО САКАМЕ НОЌЕ, ПОЈАСНУВА ДОКТОРКАТА АЛЕКС ЕВАНС.

Шеќерот троши многу магнезиум, кој е потребен за спиење, смета нутриционистичката терапевтка Шарлот Ватс.

Таа истакнува дека особено треба да се избегнува доцноноќната чоколада која содржи кофеин и други стимуланси.