вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Додајте сол во машината за перење пред да ја вклучите: Кога врне дожд со овој трик ќе ги решите најчестите проблеми

Додајте сол во машината за перење пред да ја вклучите: Кога врне дожд со овој трик ќе ги решите најчестите проблеми

Сигурно секоја домаќинка забележала дека после секое перење квалитетот на облеката се намалува. Маиците почнуваат да бледеат или воопште не се перат добро, во облеката се вовлекува некој непријатен мирис на мешавина од пот и дезодоранс.

За да се избегне тоа, многу домаќинки се одлучуваат да ја перат облеката на 30 или 40 степени што е многу погрешно, затоа што на таа температура не се уништуваат бактериите.

Постои сосема неочекуван начин да се ослободите од овие чести проблеми.

Верувале или не, решението се наоѓа во вашата кујна. Пред да ја вклучите машината, во празната преграда (онаа која не ја користите) ставете лажица сол. Кога ќе дојде време за перење на облеката, солта ќе ја направи својата магија.

Зошто треба да се додаде соч во перењето ?

Прво, овој најважен зачин во нашата кујна помага да се отстрани преостанатиот детергент од облеката, што ќе помогне кај непријатниот мирис. Освен тоа, ќе се елиминира ризикот од алергија кај луѓето со осетлива кожа.

Исто така, солта ќе направи облеката да ја поврати свежината и ќе спречи да избледи, што е честа појава по бројните перења. Бонус е исто така што облеката брзо се суши. Ова е посебно корисно кога надвор паѓа дожд, па облеката ќе ја исушите во станот или куќата.

Постои и опција солта да се стави директно во машината за перење заедно со облеката но во тој случај помалку делува кај овие проблеми.