сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ДОДЕКА СМРТТА НЕ ГИ РАЗДЕЛИ: Дедо имал само една желба – последните часови да ги помине со саканата (ФОТО)

ДОДЕКА СМРТТА НЕ ГИ РАЗДЕЛИ: Дедо имал само една желба – последните часови да ги помине со саканата (ФОТО)

Желбата на еден дедо од Австралија, Дени Роланд, беше да ги помине последните часови од својот живот онака како што вети на својата свадба – во добро и во лошо со својата сопруга, додека смртта не ги раздели.

Имено, на смртно болниот човек кој не ја видел својата сопруга со месеци, неговата последна желба му се исполнила кога болничарите го однеле во нејзиниот дом за стари лица. Тоа било последната посета, во моментите кога на сите им било јасно дека Дени умира од рак.

Дедото кој долго време се борел со рак, последните денови посакал да ги помине дома со семејството.

– Кон крајот на битката со ракот, храбриот Дени се тешеше со фактот дека заминуваше како што посакува – во својата куќа и опкружен со семејството. Сепак, недостасуваше еден детаљ, неговата сопруга Ширли во меѓувреме беше префрлена во блискиот дом за стари лица, објасниле лекарите на болницата.

Кога слушнале за неговата последна желба, болничарите Алан, Саманта и Џошуа решиле да помогнат на парот повторно да се сретне за последното збогум. Кога стигнале во старечкиот дом, Дени бил однесен во една соба да ја види Ширли. Двојката, и двајцата во болнички кревети, времето го поминаа држејќи се за раце.

Неколку дена подоцна, Дани го зеде последниот здив. Почина спокоен бидејќи го исполни ветувањето неговата љубов да трае вечно.