Во просек годишно човекот настинува од еднаш до шест пати. Кај настинката се јавуваат благи симптоми кои можатда траат 5-10 дена. Спротивно на тоа кај грипот, кој е предизвикан од различна група на вируси може да има тешки симптоми.
Кај полесните настинки може да си помогнете без земање на таблети.
Еве некои препораки:
Печурките се храна која значително го зголемува имунитетот. Овие габи го зголемуваат производството на антивирусни протеини кои ги напаѓаат бактериите и вирусите кои го напаѓаат вашиот организам.
Топлата купка со етерични масла ќе Ве опушти и ќе Ви ги отпуши дишните патишта.
Лажица мед, ќе Ви помогне при болки во грлото.
Пилешката супа уште од многу оддамна е познато дека се користела како антибиотик.
Солената вода е одлична за инхалација и освежување на дишните патишта.
Јогата или било која друга вежба која моше да Ве смири и да го стабилизира вашето дишење.