19-годишната Кејти Грант од Ирска е тинејџерка со Даунов синдром на која докторите ѝ предвидувале иднина обоена во најтемни бои.
Но, таа е инспирација за младите ширум целиот свет дека соништата се остваруваат бидејќи стана првиот модел со Даунов синдром што победил на светски натпревар за убавина, кој ја слави различноста.