петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Два златни и еден сребрен медал за кочанскиот готвач Иван Велков на натпревар во Црна Гора

Два златни и еден сребрен медал за кочанскиот готвач Иван Велков на натпревар во Црна Гора

Професионалниот готвач Иван Велков од Кочани освои две први и едно второ место на 14. Меѓународно отворено кулинарско првенство што се одржа во Будва, Република Црна Гора.

Во огромна конкуренција од преку 200 учесници од 12 балкански држави, кочанскиот готвач заедно со уште две членки на здружението на шефови на кујни „ГастроМак“ беше македонски претставник на кулинарскиот натпревар на кој освои шампионски признанија.

– Натпреварот бил поделен во неколку возрасни категории, за млади готвачи од средни училишта и студенти, до готвачи професионалци во сениорска конкуренција. Во стручното жири беа познати готвачки судии од Австрија, Италија и од балканските земји, а натпреварот е тежок не само од силната конкуренција, туку и поради временското ограничување за подготовка и аранжирање на храната. Во категориите за подготовка на риба и пиле, за мојот специјалитет лаврак со кокос, како и за роловано пилешко месо со спанаќ и козјо сирење освоив златни медали, а за начинот на кој подготвив рижото добив сребрен медал, истакна Велков.

Освоените награди на натпреварот во Црна Гора се дополнителен мотив за учество на меѓународниот натпревар „Гастрофест“ во Ниш, што ќе се одржи кон крајот на мај, а за што поддршка добива и од хотелот „Сити Ин“ од Кочани во кој е професионално ангажиран.

Покрај Велков, македонски учеснички на натпреварот во Будва беа и младите готвачки Семија Демова од Струмица и Анита Самарџиоска од Скопје, кои освоија еден златен и по два сребрени и бронзени медала.