недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Две магични зборчиња кои треба да ги употребувате годинава: Ќе ви донесат голем успех

Две магични зборчиња кои треба да ги употребувате годинава: Ќе ви донесат голем успех

Можеби сте ги запишале вашите нови новогодишни одлуки. Можеби во списокот се повторуваат и дел од минатогодишните кои не успеавте да ги остварите.
Дали си создадовте премногу притисок во однос на нив? Дали сакавте по секоја цена да постигнете успех, се будевте и заспивавте со мислата за остварување на желбите?

Веројатно сте ги започнале пораките со: Ќе го направам тоа… Сакам да го постигнам ова… Морам да успеам…

Сепак, постојат 2 зборчиња коишто ја имаат моќта да му дадат сосема поинаков тек на секој нов ден. И се премногу едноставни.

„Започни повторно“.

Можеби денес не си успеал доследно да го завршиш планираното. Не си ги завршил сите работни обврски, не успеа да стигнеш на вежбање, касна малку повеќе од планираното, не испи доволно вода, не прочита онолку страници колку што планираше, не успеа да се видиш со најблиските… и на крајот од денот се чувствуваш како целосен неуспех.

Но, нема никаква потреба за тоа. Потребно е само да си легнеш со бистра глава, ум непоматен од неуспех, без грижа на совест, а следното утро кога ќе се разбудиш да се потсетиш дека ова е нов ден, секој ден е нов ден, нова шанса за успех и само да си повториш: Започни повторно.

И навистина, нека секој ден е нов ден за одново започнување на нештата. Сè додека го имаме тој нов ден, тоа ново утро да ги повториме овие зборови, ќе имаме сè што ќе посакаме.

ЦрноБело