понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Двојно зголемен бројот на лица кои страдаат од алергии

Двојно зголемен бројот на лица кои страдаат од алергии

Во последната деценија е дуплиран бројот на лица кои страдаат од алергии. Најчесто се јавуваат кај млади лица од 15 до 20 години и во пролет кога е зголемена концентрацијата на поленот во воздухот, но може да трае и цела година.

Поради проблемите со алергиите, чекалните во амбулантите овој период се полни.

Алергиите се хронична незаразна болест, но ринитисот доколку го имате, а не е навремено откриен и не се третира соодветно, може да прерасне во астма.

-Алергискиот ринитис настанува поради пречувствителност, особено на имунолошкиот систем. Најчесто го има кај домашните паразити, на поленот кај разни дрва, во тревата, кората, а може да се појави и кај домашните миленичиња, објаснуваат алерголозите.

Не е познато зошто расте бројот на заболени, но алергискиот ринитис се јавува кај секое трето дете и кај секој петти возрасен човек. Може да биде сезонски или да трае цела година.