Деменцијата е мозочно пореметување кое погодува голем број од популацијата, а во последните неколку децении станува се почеста појава. Иако ова нарушување се среќава кај повозрасната популација, не е исклучена ниту кај помладите.
Во зависност од видот, постојат различни симптоми кои можат да укажуваат на деменција, а најчест е губењето на меморијата. Сепак, постојат некои други помалку познати знаци кои може да укажуваат на ова нарушување.
Според добротворната организација Алцхајмер Шкотска, постои еден помалку познат знак на деменција, а тоа е губење на чувството за време, што може да се открие со едноставен тест.
Во извештајот на оваа организација се наведува дека губењето на чувството за време може да укаже на губење на меморијата или дека сте ја изгубиле способноста да „читате“ аналоген часовник.
За да проверите и утврдите дали постои ризик од деменција, можете да пробате тест каде што ќе ги нацртате стрелките на часовникот што го покажува тековното време.
Ако лицето што го прави овој тест нацрта часовник со бројки на погрешни места, тоа укажува на можност за деменција или Алцхајмерова болест. Во овој случај, проверете ги другите симптоми на деменција и консултирајте се со лекар.