Се почесто старите трикови кои ги користеле мајките и бабите за чистење се враќаат во употреба и денеска.
Претходно заборавени, сега стануваат се попопуларни.
Еден од нив е и ловоровиот лист кој се става при перење. Тој не дава подобар мирис или ефект на омекнувач, туку ја чува обоената облека и и ја враќа бојата.
Ловоровиот лист може да го ставите директно во машината за алишта, но многу подобар ефект ќе добиете ако го ставите во леѓен со вода, а потоа ги потопите алиштата.
Во зависност од количината на алиштата, земете неколку или десетина листови ставете ги во вода додека да проврие.