среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Експерт за депилација тврди: Жени, откажете се од бричењето

Експерт за депилација тврди: Жени, откажете се од бричењето

Експертот за депилација на бикини зоната, Jmani, сподели совет како да имате убава и негувана кожа на бикини зоната во текот на летото.

Таа во текот на годините депилирала стотици и стотици жени на Флорида, но сепак вели дека мазната кожа на линијата на бикини не е воопшто лесно да се постигне, а има некои работи што треба да ги направите за да ја постигнете.

Никогаш не го бричете тој дел со брич. Ако се откажете од него, ќе добиете помазна и мека кожа. Може да предизвика црвенило и осип, затоа не се препорачува, а само површно ги отстранува влакната.

Наместо тоа, одлучете се за восок.

Доколку имате враснато влакно, немојте да го „кубете“ или да го отстранувате со пинцета, бидејќи само дополнително ќе го иритирате. Нејзин совет е да користите топла облога за да ги отворите порите, а потоа да нанесете салицилна киселина.