понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Експерти: Четири лоши навики кои предизвикуваат рак кај жените

Експерти: Четири лоши навики кои предизвикуваат рак кај жените

Последното научно истражување докажува дека ризикот за рак може во голема мерка да се намали и со промена на животниот стил. Овие четири навики се издвоени како најголеми предизвикувачи на канцер…

-Како главни начини за превенција одбрани се консумирањето на помалку алкохол, исхрана богата со билни влакна, исфрлање на преработено месо и поголема физичка активност, се вели во студијата.

Алисон Кокс, директор на превентивното одделение во центарот „Cancer Research“ кој го предводеше истражувањето изјави дека ова докажува оти со секојдневните позитивни чекори може да се намали ризикот за рак.

-Водењето здрав живот не гарантира дека личноста нема да добие рак, но може да игра во ваша корист, рече Кокс.

Алкохол

Претходните истражувања сугерираат дека алкохолот е поврзан со седум различни видови на рак и предизвикува три отсто од годишните случаи во Велика Британија. Алкохолните пијалаци содржат хемиски ацеталдехид, кој ја оштетува ДНК-та и го спречува нејзиното обновување.

Алкохолот исто така, содржи ниво на одредени хормони, како естроген кој е поврзан со ракот на дојката. Претерано консумирање на алкохолни пијалаци може да доведе до оштетувањето на црниот дроб, што, пак, може да предизвика во органот да се развие тумор.

Влакна

Влакната се сметаат за силни борци против ракот така што го подобруваат човечкиот дигестивен систем, што го скратува времето на проток со кој отпадните производи патуваат низ цревата.

Отпадот обично содржи супстанци кои предизвикуваат рак и би требало да бидат тргнати што е можно побрзо. Бактериите кои ги разградуваат влакната исто така содржат супстанци кои се поврзуваат со појавата на тумор во дебелото црево.

Преработено месо

Одредени хемикалии кои се додадени во преработувањето на месото може да предизвикаат рак. На пример, кога хемикалијата во црвеното месо, позната како хаем, ќе се најде во желудникот, формира хемикалија која предизвикува оштетување на ќелиите кои одат до цревата, што, пак, може да влијае на создавање на рак на дебелото црево.

Вежбање

Физичката активност може да го намали нивото на хормоните естроген и инсулин во човечката крв. Високото ниво на овие хормони е поврзано со рак на градите и матката.

Вежбањето, исто така, го редуцира воспалувањето на цревата, го забрзува исфрлањето на сите токсини од телото, со што го намалува ризикот појава на болести. Активноста исто така, е важна за луѓето да одржуваат здрава телесна тежина. Претходните истражувања сугерираат дека прекумерната килажа е најголем предизвикувач на ракот, веднаш по пушењето цигари.

Внимавање на исхраната и вежбањето не можат да се игнорираат

Резултатите на последната британска студија покажуваат дека со водењето на здрав живот за 15 отсто може да се намали шансата за дијагностицирање канцер кај жените во текот на една година.

-Додека пушењето се смета за најважен начин за да се намали ризикот од рак, големо влијание имаат диетата и вежбањето, истакнува доктор Кокс.