сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Експертите предупредуваат: Проверете дали ПРАВИЛНО ГИ МИЕТЕ овошјата и зеленчуците

Експертите предупредуваат: Проверете дали ПРАВИЛНО ГИ МИЕТЕ овошјата и зеленчуците

Проверете ги и применете ги овие методи за миење за да ги отстраните сите бактерии и пестициди.

Ориз: Миењето на оризот се практикува не само поради нечистотијата, туку и за отстранување на скробот од него, поради што се лепи за време на готвењето.

Зелка: Извадете ги првите два слоја листови од зелката, кељот или сличниот зеленчук, исечете ги на четвртинки и потопете ги во вода со малку додаден оцет. По неколку минути исплакнете со чиста вода. Во случај на карфиол, цветовите треба да се одвојат пред да се натопат.

Месо: Експертите велат дека не треба да се мие пред да се готви, бидејќи така се отстрануваат соковите од месото. Но затоа треба да се пече, пржи или приготвува на температура од најмалку 75 степени, бидејќи така ќе ги уништи бактериите кои се наоѓаат на месото. Најбезбедно е да користите кујнски термометар.

Печурки: Не ги потопувајте во вода, бидејќи ќе се распаднат. Секоја од нив кратко измијте ја под ладна вода и ставете ја на крпа да се исцеди.

Јаболка: Полни се со пестициди, затоа не прескокнувајте да ги натопите во вода со малку сода бикарбона. Оставете ги да отстојат 10-15 минути. Така ги отстранувате штетните материи и од крушите, пиперките, доматите и другото овошје и зеленчук што не се лупат.

Марула: Потопете ја во вода десетина минути и извадете ја без мешање, бидејќи штетните материи ќе паднат на дното. Потоа измијте го секој лист под млаз ладна вода.