вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Еве како едноставно да откриете дали само ве привлекува личноста или навистина сте заљубени

Еве како едноставно да откриете дали само ве привлекува личноста или навистина сте заљубени

Интензивната интимна привлечност навистина може да го замати здравиот разум и интуицијата дури и кај најразумните луѓе, а причината за ова лежи во основните човечки потреби.

Во раната фаза од една врска, токму ваквото влијание на физичката привлечност и улогата на хормоните, може да предизвикаат да имаме сосема погрешна слика за личноста со која сме во врска, односно привлечноста ќе ја ставиме над сите работи и така лесно може да се занемарат недостатоците кај партнерот.

За таа цел, психологот Џудит Орлов во нејзината „Водич низ интуитивното исцелување“ ни открива како лесно и едноставно да сфатиме и да откриете дали вашиот партнер само ве привлекува физички или навистина сте заљубени во него.

Знаци дека само ве привлекува

  • Целосно сте фокусирани на изгледот и телото на личноста
  • Ве интересираат само интимните односи, но не и разговорот и комуникацијата
  • Повеќе би сакале врската да ја одржувате на нивно на фантазија отколку да разговарате за вистинските чувства.
  • Повеќе би сакале да ја оставите личноста веднаш после интимните односи отколку да спиете со неа, да се гушкате и да го поминете следното утро заедно.
  • Вие сте љубовници, но не и пријатели.

Знаци дека навистина сте заљубени

  • Покрај интимните односи, сакате да поминувате квалитетно време заедно со личноста
  • Се губите во разговорот со личноста и не сфаќајте дека поминувате долги часови во вашето дружење
  • Сакате искрено да ја сослушате таа личност, да ги разберете нејзините чувства и да сакате да истата да биде среќна и исполнета.
  • Тој или таа ве мотивираат да бидете подобра личност.
  • Сакате да се запознаете нејзиното (неговото) семејство и пријатели.