Aкутен бронхитис кој го карактеризира повишена телесна температура, искашлување и болки во градите обично трае недела дена.
Најчесто, според проценките на лекарите, се лечи со антибиотици, но од голема помош за брзо и сигурно опоравување се чаевите и други билни препарати.
Природен лек за бронхитис од лимони и мед:
Потребни ви се 10 лимони, килограм мед и 10 главици лук. Лимонот исечкајте го на парчиња, лукот излупете го и исечкајте го. Измешајте со мед и оставете во затворена тегла да отстои една недела.
Земајте по четири лажички дневно, растворувајќи ја смесата во уста и лесно голтајте.
Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.