четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Факти за крвта кои сигурно не сте ги знаеле досега, дел од нив се многу важни

Факти за крвта кои сигурно не сте ги знаеле досега, дел од нив се многу важни

Сите знаеме дека крвниот систем на човечкото тело е многу комплициран и дека без неговото правилно работење телото не би можело да преживее. Сепак, остануваат многу карактеристики и факти за човечката крв кои се скоро непознати освен ако не сте медицинско лице.

Човечкиот крвоток е еден од најкомплексните системи на Земјата, но обичните луѓе знаат премалку работи за него. Неговата работа е клучна за правилното функционирање на телото па затоа не може да ви штети доколку дознаете неколку факти за него.

Потребни се 1.120.000 комарци за да ја исцицаат целата крв од едно човечко тело.

Човечкото тело може да функционира без пулс. Во 2012 година на еден 55-годишниот Крег Луис му беше вграден уред кој му овозможи циркулација на крвта, иако тој немаше пулс.

Стен Ларкин живееше 555 дена без срце, додека чекаше на трансплантацијата. Неговото срце беше заменето со уред кој Стен го носеше во ранец.

Човекот може да изгуби до 40% од крвта и да остане жив. Секако, набрзо потоа ќе му биде потребна трансфузија за да се одржи во живот.

Пред да бидат откриени крвните групи, докторите експериментираа со трансфузија на крв помеѓу луѓе и животни.

21% од сите срцеви удари се случуваат во понеделник. Научниците сметаат дека причината за ова е преголемата количина хормон на стрес на почетокот на работната недела.

За да го намалите ризикот од срцев удар треба наутро да станувате полека и да го намалите интензитетот на вечерен тренинг.

Кокосовата вода може да ја замени крвната плазма благодарение на сличните компоненти помеѓу двете течности.

Крвната група може да биде причина за развод. Научниците открија дека постои врска помеѓу крвната група и процентот на разводи. Паровите чии бракови опстојуваат обично се нулта крвна група, а оние кои најчесто се разведуваат се комбинациите A + AB и A + 0.

Енергетските пијалаци го менуваат начинот на работа на срцето. Научно е докажано дека кај енергетските пијалаци количината на кофеин е до трипати повисока отколку во другите кофеински пијалаци како кафе или Coca Cola. Тие влијаат на срцебиењето и можат да предизвикаат срцев удар или смрт.

Диетата според крвната група не функционира. Универзитетот од Торонто правеше испитувања кои докажаа дека посебната исхрана базирана на крвната група е всушност мит.