Доколку сакате да го обликувате целото тело, да ја подобрите вашата кардиоваскуларна кондиција и да согорите што повеќе калории, нема потреба со часови да вежбате во теретаната или да трошите цело богатство на домашните справи за вежбање.
Единствено нешто што ви е потребно е јаже за прескокнување. Докажано е дека оваа вежба има многу предности, а еве само дел од нив:
Одличен начин за согорување на калории
Поединечни истражувања покажале дека 10-минутно вежбање со јаже е подеднакво ефикасно како и 30-минутно трчање во смисла на кардиоваскуларно подобрување и трошење на калории. Прескокнувањето јаже согорува околу 330 калории, додека трчањето согорува околу 270 калории.
Не бара голем простор и време
Оваа вежба можете да ја правите било каде и во било кое време, со некоја мотивациона листа на песни во позадина. Лошите временски услови и студот повеќе не се изговор.
Можете да вежбате сами или во друштво
Вежбата со јаже е истовремено и ефикасна и забавна.
Активира неколку групи на мускули во исто време
Прескокнувањето јаже ги обликува рацете, нозете, грбот, стомачните мускули, задникот и рамената.
Ги подобрува вашите вештини
Вежбањето со јаже не само што влијае рамномерно на одредени групи на мускули туку и ја подобрува кондицијата, координацијата, динамичната рамнотежа и рефлексите.
Сите можат да ја вежбаат
Кога ќе ја усовршите, техниката на прескокнување јаже е многу едноставна за имплементација без оглед на годините, обликот на телото или моменталното ниво на кондиција.
;