Читањето на личноста од стапалата е пракса која во Кина и Индија се практикува илјадници години, а корените ги влече од верувањата дека нашите стапала се огледало на душата и телото.
Формата на прстите на нозете и карактерот на човекот.
Пример бр. 1
Укажува на креативна личност. Лицата со ваква форма на прстите се многу паметни и косегаш пронаоѓаа креативни решенија за било кој проблем. Сепак, понекогаш поради несигурноста во себе, ги оставаат започнатите дела на половина.
Пример бр. 2
Лицата со ваква форма на прстите се енергични и имаат создавачки потенцијал. Секогаш можат да застанат зад она во што навистина веруваат.
Пример бр. 3
Показател на лидерски особини. Главната цел на овие луѓе е успехот во кариерата. И само една работа може да ги извади од колосек. Тоа е неверојатниот перфекционизам. И уште еден интересен податок – некои индиски легенди велат за тоа дека мајките не дозволувале на синовите да се женат со жени кај кои вториот прст на нозете бил подолг од останатите. Тоа го сметале за знак за заповеднички карактер.
Пример бр.4
За ваквите луѓе најголема вредност е семејството и блиските пријатели. Сопствениците на ваква форма на прстите ги одликува способноста да слушаат други и скоро се идентификуваат со соговорникот. Понекогаш се примаат кон срце, така да ваквата емпатија често не е од корист.
Пример бр. 5
Зборува за амбициозноста, но не и желбата за преземање одговорност. Човекот со такви прсти на нозете е забавен и привлечен, но многу често и наивен како мало дете.