Со првите денови на пролетта, плисираните здолништа традиционално се враќаат на уличните стилски комбинации.
Плисе е термин за трајни набори на ткаенината кои се создаваат со посебна техничка обработка и потекнува од францускиот збор plissé (збрчкана, стуткана). Здолништата се меѓу најпопуларните плисирани парчиња и веројатно немаше да бидат популарни до овој степен доколку јапонскиот дизајнер Иси Мијаке не започнеше мала модна револуција во раните 90-ти и не ја врати плисираната облека во стариот сјај.
Мијаке експериментираше со техники на плисирање во текот на осумдесеттите како дел од работата на неговите стандардни колекции, а потоа во 1993 година ги раздвои плисираните парчиња во посебна легендарна линија, Pleats Please.
Зошто толку многу ги сакаме плисираните здолништа? Бидејќи тие се меки, ефективни, разноврсни и многу практични. Времето кога тие се носеа само во поформални прилики и со поелегантни чевли е одамна зад нас.
Денес почесто се гледаат плисирани здолништа во комбинација со патики, а често се комбинираат со спортски маици и јакни.
Кога сакате да ја намалите формалноста, додадете класичен дуксер, но доколку во исто време сакате изданието да биде малку посензуално, наместо патики изберете класична салонка.
Доколку изберете плисирано здолниште во ефективна боја или со впечатлив дезен, надополнете го со неутрални парчиња како бела или црна маичка.
Погледнете ја галеријата и видете повеќе идеи за комбинирање на плисирано здолниште.