вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ФОТО: Најмалото бебе на светот си замина дома – Се роди со 212 грама, а еве како изгледа сега по 13 месеци во болница

ФОТО: Најмалото бебе на светот си замина дома – Се роди со 212 грама, а еве како изгледа сега по 13 месеци во болница

Најмалото бебе во светот Квек Ју Ксуан, била родена кога нејзината мајка била во 25-татат недела од бременоста и тоа со само 212 грама. Сега девојчето, по 13 месеци поминати во болница во Сингапур заминува дома.

Кога била родена таа имала само 24 сантиметри и била тешка колку просечно јаболко. Ја собирало во дланката на нејзината мајка. Квек се родила четири месеци пред терминот откако на нејзината мајка и била дијагностицирана прееклампсија. Ваквата состојба може да биде фатална и за мајката и за бебето.

При раѓањето бебето имало ограничени шанси за преживување, а денес тежи 6,3 килограми.

-Против сите правила, со силни здравствени компликации кои ги имаше при раѓањето, ги испирираше луѓето кои ја опкружуваа со својата истрајност, напиша медицинскиот тим од болницата каде е родена.

Ју Ксуан се уште има хронична белодробна болест и ќе и треба помош за дишење. Сепак лекарите сметаат дека со тек на време нејзе ќе и биде се подобро.

Инаку, родителите успеале да го платат болничкиот престој и третманите со помош на кампања преку која се собрани 270.601 долар.

Пред Ју Ксуан најмалото бебе на светот е родено во 2018 година во Ајова со 245 грама.