Нов рекорд во Гинисовата книга за најстар брачен пар во светот од денес. Заедно имаат 214 години и живеат на Еквадор.
Хулио Цезар Мора и неговата сопруга се во брај 79 години. Тој има 110 години, а таа 104. Двајцата се пензионирани наставници, имаат пет деца, 11 внуци, 21 правнуци и девет чукунвнуци.
Во пораката која ја испратиле велат дека „семејството единствено се одржува со љубов, взаемно почитување, чесна работа и семејни вредности.“, пренесуваат медиумите.